
Нивото на мразот, во јануари, во водите кај Арктикот и Антарктикот последниот месец била најниско ниво во историјата. Во исто време концентрацијата на јаглерод диоксид во воздухот стигнала рекордно високо ниво.
Ова го соопшти Светската метеоролошка организација на ОН цитирана од “Ројтерс”.
“Недостатокот мраз и на двата пола е сосема невообичаено нешто”, коментира Дејвид Карлсон, директор на светската програма за истражување на климата, на брифинг на ОН во Женева.