(ВИДЕО) „Тигрите на Асад” ја смачкаа “Исламска држава” крај Алепо, го чистат патот кон Ракка, нивната т.н. престолнина

од desk2
170 прегледи

Сириската армија и ВКС на Русија ослободија стратешка висиочина до авиобазата Кувејрис во провинцијата Алепо. Прославената дивизија на владиниси сили “Тигрите”, со поддршка на руската авијација ги истуркаа силите на “Исламска држава” од важниот рид во Хмајмијја во источниот дел на покраината.

По заземањето на висината Tiger Force имаат огнена контрола врз Хмајми Садџир и Хмајм Кабир во близина на воениот аеродром Кувејрис.

Операцијата во овој регион продолжува со активна поддршка на ВКС на Русија и воздухопловните сили на Сирија. Руските бомбардери Су-25 им нанесуваат моќни авиоудари по позициите и комуникациите на терористите во овој дел на фронтот. Пријавени се бомбардирања до гратчето Расм Ал Имам, соопштува Рускаја Весна.

Медиумското крило на ИД вели дека врз позициите на групата се нанесени над 50 удари. Покрај тоа, терористите размножија и слики на Су-25 и нивните обиди да го соборат авионот со лансери, монтирани на пикап.

Од Генералштабот на Министерството за одбрана на Русија изјавија дека главните напори на ВКС на Русија во моментов се насочени кон ликвидирањето на објектите на ИД во источните региони на Сирија или во северниот дел на провинцијата Алепо.

Владините сили во моментов се наоѓаат на 4 километри од важниот град Дејр Хафир, а по негово ослободување патот кон главниот град на исламистите – град Ракка – ќе биде отворен за сириската армија.

Кадры боев: Русские Су-25 и «Тигры» громят ИГИЛ на востоке Алеппо, взята важная высота (+ВИДЕО, ФОТО, КАРТА) | Русская весна