
Претседателот на Русија Владимир Путин, потпиша декрет за руското признавање на документите, издадени на украински граѓани и лица без државјанство кои живеат на територијата на самопрогласена Луганска и Доњецка народни република. Во етерот на “Ѕвезда” првиот заменик-претседател на Комитетот на Советот на федерацијата за меѓународни прашања Владимир Џабаров појасни дека одлуката ќе им овозможи на граѓаните на ДНР и ЛНР непречено да влезат во Русија.
“Во моментов Украина не издава никакви документи на граѓаните кои живеат во ДНР и ЛНР. Во моментот на луѓето им истекува рокот на важење на пасошот и на возачка дозвола, доаѓа и новата генерација. Таа може да остане воопшто без документи. Покрај тоа, ние исто така им го ограничуваме движењето, бидејќи сите нивни документи се со истечен рок на важност. А во случај на признавање, тие ќе можат непречено да влезат во Русија, како и жителите на другите делови на Украина. Тука не станува збор за каква и да е политика “, објасни експертот.
Претходно претседателот на Русија Владимир Путин потпиша декрет за руското признавање на документите издадени на украински граѓани и лица без државјанство кои живеат на територијата на ДНР и ЛНР до политичкото решавање на ситуацијата во овие области, пишува РИА Новости.
Порошенко е во стрес од потегот на Русија
Одлуката на Русија да ги признае документите издадени од локалните власти во ДНР и ЛНР, е уште еден доказ за “руската окупација и нарушување на нормите на меѓународното право”, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко.
“Многу е симболично дека ова признание цинично се случи во времето на одржувањето на минхенската конференција”, рече уште тој во рамките на форумот посветен на безбедноста.
Со потпишувањето на указот за признавање на пасошите и автомобилските броеви на ДНР и ЛНР, рускиот претседател Влаидмир Путин правни ги призна републиките и го напушти Минск процесот. Ова го изјави секретарот на Советот за национална безбедност на Украина Александр Турчинов. Според Турчинов, “овој чекор на Кремљ целосно го затвори Минскиот процес и тој не е споредлив во соопштението на Русија за неговото заминување”.
Во Донецк ја поздравија одлуката на руските власти дека ги признаваат документите издадени на граѓаните на Украина и лицата без државјанство кои живеат на територијата на Донбас. “Многу сме благодарни на Русија за овој чекор”, изјави претставникот на Донецката народна република Денис Пушилин. Според него, “Украина има направено сé што, за да ги лиши жителите на Донбас од што може права”.
“Тоа влијае на слободата на движење, издавање на нови документи, вклучувајќи пасоши и продолжувањето на важечките, добивањето на образование, и други права. На пример, во Украина повеќе не ги признаваат издадените на нашите деца документи за завршено образование, професорите во Донбас се лишени во Украина од научните оценки и титули. Затоа ние бевме принудени да издаваме наши документи – на Донецка народна република “, појасни Пушилин.
Лидерот на ЛНР Игор Плотницкиј даде изјава во врска со декретот на претседателот на Русија за признавање на документите на жителите на Донбас.
Драги сограѓани!
Денес, 18 февруари 2017 година, Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ја прифати кобната одлука – потпиша декрет “За признавање на документите издадени на граѓаните на Украина и лицата без државјанство кои живеат на териториите на одделните области на Доњецка и Луганска област на Украина”.
Ова е уште еден доказ за тоа дека републиката се одржала како држава. Денешниот ден е уште еден чекор кон светското признавање на нашиот суверенитет.
Одлуката на Владимир Путин е посветла илустрација на тоа кој токму за нас е братски народ.
Жителите на Донбас за овие 3 години се изморија од ужасите на војната, од постојаните напади кои носат крв, од болката, загубата и разурнувањата … Украинската страна, освен дека не презема никакви чекори, насочени кон усогласување со Луганск и Донецк, себе се обидува да го загорчи животот на населението на републиките.
Во меѓувреме, во Крим се одржаа два митингаза поддршка на ЛНР И ДНР.
Едната од акциите се одржи во Севастопол, каде иницијативата беше на група на Срби луѓе со помош на социјалните мрежи. Учесниците усвоија декларација упатена до рускиот претседател. Во обраќањето до Путин се вели дека “Минск договори кон денешен ден не се исполнети и не гарантираат мирот на многострадалната земја на Донбас”.
Другата акција се одржа во Евпаторија. Во своето обраќање собраните ја повикаа мисијата на ОБСЕ да го запре крвопролевањето и “крвавиот геноцид против рускиот народ, организиран од Киевскиот режим”. Насобраните исто го предупредија претседателот на Украина Петро Порошенко дека тој нема да избега од одговорноста за воените злосторства во Донбас.
Во позадината на овие настани над 20.000 луѓе излегоа на улиците на Донецк, за да го изразат на Западот за злосторствата на украинската армија. Митингот започна со едноминутно молчење за жртвите на украинската армија. Луѓето побараа од европските партнери на Украина да извршат притисок врз Киев, кој неказнето ги нападна градовите и населбите во Донбас.
Само во ДНР во последното деноноќие ВСУ отвориле оган околу 2.000 пати. Нападнати се населени пунктови по должината на линијата на разграничување – Јасиноватаја и Јаковлевка. Украинските војници бомбардираа мирните жители со големи артилериски оружја.
Во рамките на Минхенската конференција за безбедност стана јасно дека е постигнат нов договор за примирје во Донбас. Напредок во реализација на Минск договори сепак нема.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека на средбата на министрите за надворешни работи на Русија, Германија, Украина и Франција не е постигнат напредок. Но земјите се усогласиле воведувањето од 20 февруари на режим на прекин на огнот во Донбас.
“Денес нагласивме дека, за жал, големи резултати по донесените во Берлин решенија не се постигнати. Сепак има и позитивна вест. Контакт групата за уште еднаш се согласи дека на 20 февруари ќе почне режим на прекин на огнот и ќе почне повлекувањето на тешкото вооружување. Активно ја поддржавме оваа одлука, но, природно, изразивме верување дека овој пат не треба да се дозволи колапс на напорите. Ќе видиме што ќе направат земјите “, рече Лавров