Еро: Секој обид на САД за поделба на Европа е осуден на неуспех

од Vladimir Zorba
72 прегледи

 

Секој обид на САД да ги раздели жителите на Европа е осуден на пропаст бидејќи Вашингтон нема капацитет да ја промени користа што ЕУ им ја дава на своите членови. Тоа го изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Еро во интервју за Журнал диманш.

Тој смета дека по постојаните напади на Трамп врз Европа ситуацијата е променета во корист на единството на Европјаните.

– Секој обид за поделби и власт над жителите на Европа нема да проработи. САД категорично тврдам, немаат капацитет да ги изместат корисните работи кои ЕУ им ги предлага на своите членови, изјави францускиот министер за надворешни работи.

– Дури и Меј беше принудена да признае дека и покрај Брегзит, во интерес на САД е да имаат силна Европа за партнер, додаде тој.