Мигантите добиваат информации во биро за труд во Берлин.

2017-та година ќе биде рекордна по бројот на депортирани мигранти на кои им е одбиен бегалски статус, изјави шефот на канцлерската администрација Петер Алтмајер. “Минатата година над 80 000 кандидати за бегалски статус, кои не го добија, беа вратени во своите земји. Тоа беше рекорд и овој број ќе се зголемува “, изјави Алтмајер за весникот” Билд ам Зонтаг “.
Според нивни податоци во 2016 година беа донесени решенија по 700 000 барања за бегалски статус, речиси 300 000 мигранти беа одбиени .Алтмајер ја поддржа идејата на министерот за внатрешни работи за создавање на “центри за бегалци” на за оние кои не добиле бегалски статус. Според него овие центри може да бидат корисни, бидејќи често се создава ситуација во која сите детали се прецизирани и усогласени, но на денот на заминување над половина од мигрантите не се подготвени да ја напуштат Германија. / РИА-Новости