
Министерството за одбрана на Русија објави снимки од уништувањето на команден пункт на една од големите единици на терористите во реонот на главниот град на “Исламска држава” во Сирија – градот Ракка. На видеото се гледа моментот кога најновата руска крилата ракета ја погодува целта. Ракетата е истрелана од стратешки бомбардер Ту-95 МСП.
Камерата на дрон снима како ракетата ја погодувао зграда, следува експлозија.Потоа чадот и правот се чисти и се гледа дека поголемиот дел од зградата е уништена.