(ВИДЕО) Единствени кадри: Руската армија започна да ја тестира најновата високо техничка опрема и техника на Артикот

од desk2
135 прегледи

Нови примероци на воена техника започна да се анализира и тестира во услови на Арктикот, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, пренесува RT .


“Денес (19 февруари) специјалисти од Главнатао автооклопната управа на Министерството за одбрана на РФ и претставници на воената индустрија почнаа спроведување на истражувања и тестирања на најновите и модерни модели на воена и посебна техника во арктички услови”, соопшти заменик-министерот за одбрана, ген. Дмитриј Булгаков.

Специјалисти ќе испробаат квалитетите на машините со висока проодност во снежни и закалени локации долж патот од село Такси до остров котел. По што групата ќе се врати назад во заледените води на Лаптевско Море.

Експедицијата има за цел да провери способноста на техниката за работа на автономен режим при ниски температури, појаснува РИА “Новости”.

“Во тестовите учествуваат армиски снегоходи, верижни транспортери со приколки, специјални возила со гуми со целесобразен притисок врз основа на теренецот ТРЕКОЛ, преработени за нашите цели и, се разбира, модернизираните за исполнуваат сите современи барања транспортери ДТ-10ПМ и ДТ-30ПМ “, појасни ген. Булгаков.