(ФОТО) 4 месечниот син на Кендис шокираше со “бицепси“

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Ангелот на Victoria’s Secret Кендис Суонепол не може да се нарадува на 4-месечен син Анака и редовно прикачува негови слики. Се разбира, како еден искусен супермодел и таа не пропушта да се појави во нив. Едно од последните и селфиња со бебето сепак испровоцира интересни коментари, бидејќи на него малиот слаткиш покажува доста оформени раце!

Дали тоа се добрите гени во прашање или едноставно позата во која е фотографирано детето, останува мистерија. Факт е дека, сепак, изгледа како мал Попај со силните раце и сериозен израз. На прв поглед се гледа дека Анака ги наследил небесносините очи на својата мајка која се смешка шармантно од сликата.

Момченцето се појави на светот на 5 октомври. Негов татко е бразилскиот модел Херман со кого Кендис излегува од 2005 година. Двајцата се верија во текот на летото на 2015, но кога точно ќе се венчаат сè уште не е познато.