По стабилизирањето на политичката криза Македонија не може да очекува кој знае какви економски резултати, информира Телма.

Успех би било во наредните години да се постигне стапка на економски раст од четири процетни, вели во разговор за Телма, Владимир Глигоров, истражувач во Виенскиот економски институт. Глигоров препорачува фокус на новата влада да биде правната држава, вработувањето и водењето мудри политики за стимулирање и на домашните и на странските инвестиции.