(ВИДЕО+ФОТО) Кардашиан за прв пат го прикажа станот во Париз во кој беше врзана и ограбена

од desk2
181 прегледи

За прв пат се појавија снимки од станот во Париз, каде риалити ѕвездата Ким Кардашиан беше заврзанаи ограбена. Потоа таа се прости со накит и дури вредни работи кои се проценуваат на 10 милиони долари, пренесува “Дејли Меил”.
Француски телевизиски канал емитуваше снимки од местото во “Hôtel de Pourtalès”, како и снимка од крадците кои седат во кафуле на околу 5 километри од хотелот.

 

 

 

Риалити ѕвездата доживеа вистински кошмар на 3 октомври минатата година, кога беше заврзана, а устата и беше залепена со селотејп од крадците кои ја ставиле во бањата и таму ја заклучиле. Петмина вооружени мажи упаднале во станот и го украле накит, меѓу кои и 20-каратниот веренички прстен на Ким подарен од Кание Вест.

Смелте крадци биле преправен како полицајци и носеле маски. Тие влегле во моментот во кој Ким останала сама со сестрите, откако телохранителот Паскал Дјувие излегол да се забавува во ноќен клуб. Пред да ја заклучат во бањата, тие од неа го одзеле сиот накит. Тие се уште не се пронајдени.

Осум мажи и жена се уапсени досега во врска со злосторството. Тие биле фатени според записи на безбедносни камери и откриени траги од ДНК. Двајца од нив биле забележани како  бараат прстен вреде 40 000 долари , кој и припаѓал на Ким и најверојатно го испуштиле додека бегале по грабежот.