Руската Instagram кралица Вики Одинцова го ризикуваше својот живот и висеше од облакодер во Дубаи, за да си направи совршено селфи. Убавицата беше приведена од полицијата, која ја натерала да потпише изјава дека никогаш нема да прави слично каскадарество повторно.
23-годишната Русинка се држеше само на раката на својот партнер од врвот на “Кајан Тауер” во Дубаи без никаква опрема за безбедност. Многу од фановите на убавицата ќе бидат вчудоневидени од нејзината храброст или поточно непромисленост.
https://www.youtube.com/watch?v=9gEajn88LXw
Според многу луѓе Викторија речиси да нема мозок, со оглед на тоа што е спремна да виси од 73-тиот кат без осигурувачко јаже и да ризикува сигурна смрт поради една фотосесија.
Родената во Санкт Петербург убавица се качи на еден од највисоките облакодери во светот поради идеално селфи, ги уплаши минувачите во Дубаи, а некои од нив изјавија дека “убавицата категорично нема мозок”.

Фото: dailymail.co.uk
