Сексапилниот актер Крис Хемсворт и неговата сопруга Елса Патаки поседуваат прекрасен дом во Малибу.
Палатата е изградена во 1979 година, но човек нема како да познае, бидејќи домот е простран, со многу светлина, мебелот е во бели тонови, а и градбата има модерна правоаголна и чиста форма.
Прозорците се многу големи, таваните високи, а голем дел од вратите се стаклени што дозволува влегување на дополнителна светлина. Кујната е опремена со професионални првокласни инструменти и располага со бар, на кој семејството Хемсворт се опушта со пријателите.
Станот има камин, поврзан со кујната, 4 спални, 4 бањи, систем за домашно кино последен крик на модата и најмногу – имотот располага со преубава глетка. Зградата е опкружена од сите страни со ридови, вегетација и карпести предели.
Сите слики видете ги во галеријата тука.