Ханс-Георг Масиј – раководител на германското контраразунавање, индиректно ја обвини Русија за организирање на сајбер напади против серверите на Бундестагот во 2015 во говорот на Европскиот полициски конгрес во Берлин.

“Денес сајберпросторот се користи од нашите противници, странските тајни служби”, рече Масиј и додаде: “Од 2007 година регистрираме значајна активност на странските тајни служби во виртуелниот простор, што се користи за истото што се прави и во реалниот свет – шпионажа, саботажа, дезинформации, искористување влијание “.
“Пример за тоа се т.н.. APT (Advanced Persistent Threat, високотехнолошки долготрајна закана, бел. ред.), кои се веројатно со руско потекло и особена загриженост предизвикуваат APT28 и APT29 “, тврди тој.
Според Масиј, “на АРТ 28 се должи истекот на податоци за време на сајбер нападите против Бундестагот во 2015 година”. “Поаѓајќи од тоа дека во овие настани има руска трага”, истакна шефот на германското контраразузнавање Масиј додаде дека “искуството од американските избори” овозможува да се претпостави дека протечените информации “можеби се користени како компромат за влијание врз политички движења или расположенија”. / ТАСС