[РЕЦЕПТ] Сочни телешки ребра со црвено вино

од Vladimir Zorba
1,3K прегледи

Состојки:
4 парчиња телешки ребра
800 мл телешка супа
700 мл црвено вино
3 големи глави кромид
2 страка целер
3 моркова
1 лажица исушен или неколку страка свеж рузмарин
4 ловоров лист
сол, црн пипер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 160 степени. Во добро загреана тава со неколку капки масло, испржете ги зачини со сол и црн пипер ребрата од сите страни. Кога ќе станат златно-кафени одвојте ги од тавата. Во неа запржете исечени зеленчук и билки.

Потоа вратете ги ребрата, додадете го виното и супата. По 2-3 минути префрлете сè во тава за печење (освен ако тавата не е погодена за печење во фурна), покријте го садот со капак или алуминиумска фолија и печете околу 2 часа.

Непосредно пред да ги извадите ребрата од рерната може да се отстрани фолијата за да фатат убава коричка. Послужете со гарнир по ваш избор.