
Истовремено истрелани 12 ракети од комплексот С-400 на полигонот Ашулук во Астраханска област – уникатна глетка. Дел од лансирните кадри се снимени од воздух од височина од 100 метри. На кадрите се гледа како во интервал од секунда стартуваат две ракети на комплексот за ПВО.
Уникатните кадри на уништување на воздушните цели од големите вежби се распространети од телевизија “Ѕвезда”.
На снимката се гледа како ракети на комплексот за ПВО “Триумф” ја ликвидираат целта – аналог на крилатата ракета “Дан”.
Претходно беше соопштено дека на полигонот Ашулук во Астраханска област се одржаа големи вежби со стрелање на комплекси за ПВО. Кон целите беа истрелани 12 ракети. Сите успешно ги погодија зададените цели.