![]()
Започна протестот на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија 4. Илинден.
Стотици граѓани преку мирен марш ќе го изразат своето незадоволство од како што велат “прифаќањето на албанската платформа од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев“.
На протестот беше забележан и главниот и одговорен уредник на Телевизија Сител, Драган Павловиќ Латас кој иако се обиде да остане не приметен од страна на медиумите, камерата на А1он успеа да го регистрира.
Граѓаните ќе маршираат од пред Влада до Собранието.