Потрошивме за ништо 6 трилиони долари, а таму се уште е една каша и гнездо на стршлен, прецизира американскиот претседател.

САД потрошија 6 трилиони долари на Блискиот Исток за воени операции и поддршка на сојузниците, но конечно ништо не постигнаа. Ова го изјави претседателот Доналд Трамп на средба со гувернерите на државите во Белата куќа.
“На Блискиот Исток војувавме 17 години … потрошија 6 трилиони долари во Блискиот Исток. Тоа е едноставно недозволиво, та ние ништо не постигнавме. Таму се уште е едно “гнездо на стршлен”, извика претседателот.
“Кога бев во средно училиште се сеќавам дека секој велеше дека САД никогаш не губи војна. Е, сега веќе можем тоа да го кажем “, еруптира уште претседателот на САД.
“Ние треба да почнеме да ги добиваме битките уште пред да дојде до војна. Значи ние треба или да победиме или воопшто да не се бориме “, продолжи тој.
“Сега на Блискиот Исток е полошо отколку пред 16-17 години. Таму е една каша, каква никогаш не сум видел “, предупреди Трамп.