Што издава омилената паста за вас?

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Кој не сака паста? Особено ако е подготвена по оригинален италијански рецепт, придружени со убаво вино.

За прв пат се споменува пастата во 1154г. во Сицилија и со неа се именуваат разновидните јадења од тестенини.

Постојат многу видови на производи, а формите се околу 310 и се нарекуваат со над 1300 имиња. Се разбира, постојат основни видови паста, кои ние ги познаваме добро.

foodpanda споделува што издава омилениот вид паста кој го консумирате најчесто.

Шпагети / Capellini /: Вие сте традиционалисти. Сето кај вас се случува во зададени рамки и правила.

Равиоли: страсни по природа, кои ја сакаат разновидноста во животот и во храната. Емоционални сте и тоа ве прави интересна личност.

Талиатели: сакате да бидете центар на вниманието и да барате начин да ги восхитувате и забавувате луѓето околу вас.

Фетучини- Сонувачи, верници што можат да го направат светот едно многу подобро место за живеење. Фусили- Луѓе на животот и забавата, вие не пропуштате забава и средби со пријателите. Ја споделувате максимата “Еднаш се живее”.Лингуини- ви се допаѓа безбедноста, мирот и домашната атмосфера. Вашите вредности се поврзани со тоа да создавате здрави врски.

Пене- Вие сте уметници и Авантуристи. Често сте импулсивни и ексцентрични и тоа ве тера да правите работи кои околината тешко ги разбира.