Ахмети пристигна на средба кај Заев

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети попладнево e во седиштето на СДСМ на „Бихаќка“ на средба  со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави телевизија 24.

Средбата се случува во исто време кога јавноста е најавено  обраќањето на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Заев претходно му ги предаде потписите кои ги собра од албанските парламентарни партии и очекува да го добие мандатот за состав на нова влада.

Претседателот Иванов не го додели мандатот, загрижен за унитарноста и како што рече прифаќање на платформи на туѓи држави.