Памела Андерсон кисела по средбата со Џулијан Асанж

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Големоградата актерка и актуелен активист Памела Андерсон се прибра кисела, откако поминала три часа со Џулијан Асанж во Еквадорската амбасада. Ова го изјави самата таа за време на добротворен настан во Лондон.

“Мислам дека треба да се извинам однапред. Не сум расположена. Поминав 3 часа со Џулијан Асанж”, го започна таа говорот пред да продолжи понатаму.

Шпекулациите за евентуалната поврзаност меѓу двајцата се појавија откако стана јасно дека за само 3 месеци Андерсон го  посетила Асанж цели 4 пати и секогаш се трудела да му ја однесе неговата сакана храна.

Во моментот и двајцата ги негираат гласините за романтични односи. Пред една недела, сепак основачот на “Викиликс” Џулијан Асанж изјави во интервју за австралискиот радио пренос “The Kyle and Jackie O Show” дека актерката поседува не само убавина, но и исклучителна индивидуалност и остар ум.

Од своја страна, пак, таа рече за различни медиуми дека поминала повеќе време разговарајќи со Асанж, отколку со сите сопружници, земени заедно.