Бордел со секс-кукли отворен во Барселона

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Во Барселона на 27 февруари беше отворен првиот бордел со гумени секс кукли наместо со жени во Европа. Борделот се нарекува “Lumidolls” и се наоѓа во центарот на градот. Еден час со некоја од куклите чини 80 евра.

Сите тие се направени од термопластични еластомери и сопствениците на локалот уверуваат дека нема разлика при допир со кукли и со кожата на жена. Како главна предност на нивниот бордел во споредба со традиционалните, тие ја истакнуваат и слободата на дејствување на клиентот, кој може да ги исполни сите свои фантазии.

Во моментов “Lumidolls” располага со четири “кукли”, но разликата сепак не недостасува. Има една претставничка од европски, азиски и африкански тип, како и една која потсетува девојка од јапонски стрип за возрасни.

Локалот има одделни простории со слабо светло, а по сеансата на секоја кукла е прецизно дезинфицирана за следниот клиент.

Компанијата ветува целосна анонимност и удобност. Секс куклите од термопластични еластомер постепено стануваат популарни во светот, и покрај нивната висока цена – најевтините модели се 250-300 долари.

Проституцијата не е забранета во Шпанија, но има одредени правила за секс-проститутките. Едното од нив, при непочитување на кое има парична казна, е да не “работат” во близина на училишта.