Тоа ќе се случи еден ден пред 60-годишнината од Римските договори

Папата Францис ќе се сретне со лидерите на Европската унија во денот пред специјалната средба на врвот, со која ќе се одбележи 60-годишнината од Римските договори, пренесува Voice of America.
Во петокот Ватикан објави дека аудиенцијата ќе се одржи на 24 март вечерта, и се очекува таа да биде јавна. Првиот папа кој потекнува од неевропејска држава, не ја крие загриженост дека стариот континент не ја следи својата историја.