“Исламска држава” уште не е падна, Курдите се зграбија за гуша

од desk2
90 прегледи

Две курдски вооружени групи, кои досега се бореа против “Исламска држава”, сега се степаа една со друга, што е сигурен знак дека по падот на џихадисти во Ирак ќе експлодира граѓанска војна. Меѓу двете вооружени групи избувнаа борби во северозападната ирачка провинција Синџар, пишува Middle East Eye.
До судирот дошло кога пешмергите влегле во територија, држана од Работничката партија на Курдистан ПКК, која во Турција се смета за терористичка организација.

Во битката имало жртви и од двете страни и тоа саздава сериозен предуслов да избувне конфликт “секој против секого” меѓу досегашните сојузници, кои веќе се чувствуваат победници против “Исламска држава”.

Силите на Пешмерга се составени главно од сириски Курди, мобилизирани и обучени во Ирак со помош на Масуд Барзани, претседател на автономниот ирачки курдски регион Курдистан, кој е во добри односи со Турција.

Од друга страна ПКК е “Непријател број еден” на Анкара, а нејзиниот гранка “YPG” презеде контрола над провинцијата Синџар по операцијата за евакуирање и помош на локалните Језиди (блиску до Курдите етничка група, кои живеат во Ирак, Сирија, Ерменија, Грузија , Иран и Турција), кои беа жестоко нападнати од “Исламска држава”.

Според соопштението на “YPG”, до конфликтот дошло кога силите на Пешмерга се обиделе да ги заземаат позиции во градот Канасор. “YPG” ја обвини Турција дека ги потикнала да го сторат тоа. “Тоа е апсолутна провокација”, се вели во соопштението на “YPG”. Во меѓувреме, турскиот премиер Мевлут Чавушоглу изјави дека ПКК е “закана за легитимната власт во северен Ирак”.