Тоа не ја сака лагата и има силна интуиција. За него е важно родителите да се разбираат и да владее семејна хармонија. Што треба да знаете за детето Скорпија?
Детето Скорпија ги прифаќа и меморира информациите брзо. Тоа го разбира светот на свој начин. Уште од мали претставниците на овој хороскопски знак сакаат да се натпреваруваат и се стремат да бидат први во сè.
Децата Скорпиони сакаат да бидат опкружени со возрасни, да се наоѓаат во добра социјална семејна средина. Тие се љубопитни и авантуристички настроени, поставуваат многу прашања и очекуваат да им се одговори.
Им се допаѓаат науката, пронајдоците, географијата, и колку и да е чудно, кулинарството, затоа обидете се да им обезбедите повеќе забавна литература и едукативни игри на овие тематики.
Малите Скорпиони имаат потреба постојано од разновидност, инаку би си останале пасивни и неуспешни. Многу е важно да почувствуваат поддршка, особено во оние моменти во кои губат, бидејќи, како што веќе рековме, за нив е многу важно секогаш да се број 1.
Во тинејџерските години бидете внимателни со децата Скорпиони, бидејќи лесно можат да тргнат по лош пат. Карактеристична за овој хороскопски знак е таинственоста. Затоа уште од моментот на појавата на вашето бебе, размислете каква комуникација ќе се изгради со него, па да ви дозволи максимално до себе и да споделува со вас.
Мрачни и лути во еден момент, а во други сјајни со насмевка, овие деца нема како да не ве добијат од моментот кога ги видите. Има моменти во кои ќе сакаат да бидат малку интровертни и да играат сами.
Ако се премногу тивки, добро е да им се обрне внимание, бидејќи имаат тенденција да ја задржуваат вознемиреноста во себе. Имаат многу таленти, особено во областа на музиката и уметноста. Ако сакате да учите странски јазици, запишете ги порано.
Бидејќи Скорпионот е воден знак, соодветни спортски активности за малите претставници на зодијачкиот знак се пливањето, ватерполото, водните скии, нуркањето.