СДСМ ја поздрави одлуката на ДУИ за учество во идната влада и оцени дека мора да се почитува волјата на мнозинството граѓани преточено во мандати, информира ТВ24.

Во соопштението од партијата наведуваат
„Демократските процеси се почнати и мнозинската волја на граѓаните преточена во 67 пратенички мандати мора што побрзо да се реализира со формирање нова реформска Влада и независни демократски институции. Барањата за нови избори се обид да се оддолжи и продлабочи политичката криза. Граѓаните избраа промени и нова реформска Влада и Иванов и Груевски мора да дозволат брз и мирен трансфер на власта во Македонија“.
Со соопштение се јавија и од ВМРО-ДПМНЕ од каде го повторија ставот дека на декемвриските избори граѓаните не гласаа за платформата од Тирана, за која, како што велат, СДСМ е уценет да ја прифати и да ја реализира. Бараат Заев да ја отфрли платформата.
„Помалку е важно со што е уценет Зоран Заев и СДСМ. Многу поважно е да се спречат последиците од уцената и спроведувањето на платформата. Тие ќе значат редефинирање на Македонија и носат ризик за да предизвикаат тензии. Доколку СДСМ и Зоран Заев се сигурни дека прифаќањето на сеалбанската платформа е добро за иднината на Македонија и таа би била поддржана од граѓаните, нека прифатат распишување на нови избори на кои би се гласало и за платформата од Тирана“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од Кабинетот на Иванов и натаму молк. Никој не одговара на телефонските повици, за да кажат дали шефот на државата ќе ја повлече одлуката како што вчера побараа од ДУИ по централното претседателство, а пред два дена директно од Иванов бараше и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.
Целиот текст можете да го прочитате тука