Американскиот актер Бред Пит ја пропуштил 89-тата церемонија на доделување на “Оскарите” поради работа на скулптура, пишува Contact music.
Иако 53-годишната ѕвезда да е дел од екипата на филмот “Месечината”, која ја грабна и главната награда во категоријата “Најдобар филм”, арт проект го спречил да се појави на сјајната прослава.
Пит бил во студиото на британскиот уметник Томас Хоусаго во Лос Анџелес речиси десет дена и се занимавал со уметност, која не ги изненадува неговите обожаватели.
Тој е добро познат по својата љубов кон архитектурата и дизајнот и е истакнат колекционер на различни арт дела.
Неслучајно режисерот Ендрју Доминик неодамна рече: “Јас никогаш не сум сакал да бидам богат, пред да го сретнам Бред, бидејќи тој знае што да прави со парите”. “Тој живее во уметнички дела”, раскажува Доминик.
Актерот исто така често го поминува своето време во галерии и музеи.