Двајца од тројцата кандидати за Елисејската палата имаат проблеми со законот

од desk2
65 прегледи

Во претседателската трка во Франција двајца од тројцата фаворити се соочуваат со истрага по обвиненијата дека на нивни блиски или роднини им се плаќала плата со државни средства за фиктивно извршена работа.

Конзервативецот Франсоа Фијон и крајнодесничарскиот кандидат Марин Ле Пен негираа дека извршиле нешто погрешно и изјавија експлицитно дека се жртви на политички заговори.

Потенцијалните избирачи на Ле Пен не изгледаат загрижени од тврдењата дека добивала незаконски пари од Европскиот парламент за плати на соработници, и таа се уште води во анкетите со поддршка меѓу 26 и 27%.

За разлика од неа, сепак Фијон се спушти на третото место, заостанувајќи зад центристот Емануел Макрон кој може и да биде најголем победник од проблемите на конзервативниот кандидат.

Во случајот со Фијон основните тврдења се врти околу тоа дека неговата сопруга во текот на околу 15 години била најмена како парламентарен соработник, прво негов, а потоа и на неговиот наследник во Националното собрание, без да врши некоја работа во реалноста.

Поранешниот француски премиер призна дека жена му Пинелопи добила 680 илјади евра приходи финансирание со државни средства од позицијата која тој ја вршел, но инсистира на тоа дека таа вршела реален труд како негов помошник.

Тој се извини дека ја ангажирал, посочувајќи дека избрал токму неа за парламентарен асистент, бидејќи нејзе и верувал, но истовремено се согласи со тезата дека ваквите состаноци “веќе не се прифатливи” за општеството.

Кога тврдењата се појавија за прв пат во јануари, кога беа објавени во сатиричн весник “Канарија аншене”, Фијон изјави дека само ставање под сомнение на неговата личен интегритет или со обвиненијата би можеле да го сопрат од учество во изборите.

Откако сепак вчера се дозна дека истражните судии го повикаа и имаат намера да му покренат обвинение, тој рече дека и покрај тоа ќе учествува на изборите, и го осуди сегашниот начин на водење на истрагата.

Фијон се дефинира како жртва на политичко убиство, велејќи дека истражните органи ги игнорирале неговите правни и фактички аргументи пред се информации на медиумите и не се придржувале кон презумпцијата на невиност.

Момент на поканата изгледа “целосно пресметан така што да не ми дозволиле да учествувам како кандидат (на изборите)”, рече тој и додаде дека и покрај сето тоа ќе оди на сослушувањето, кое ќе е на 15 март.

Марин Ле Пен, која за разлика од Фијон не го почитува налогот од полицијата минатата недела, е

уште директна во напаѓање на истражните органи.

Таа ги предупреди претставниците на властите, кои учествуваат во, според нејзините зборови “брка” и “политички заговори”, ќе се бара лична одговорност – со што го навлече презирот од претседателот Франсоа Оланд и полицискиот синдикат.

Судиите “треба да го применуваат законот, а не да пречат на народната волја”, рече Ле Пен во неделата за новинарите.

Што се однесува до нејзиниот случај, европската канцеларија за борба против финансиските измами ОЛАФ изјави дека таа безбеденилка од ЕП фиктивни договор на асистент.

Според ОЛАФ во исто време друг, вистински асистент живеел во реонот на Париз и работел за партијата на Ле Пен, а не во Европарламентот.

Самата таа негираше дека имало какви било фиктивни назначувања и предметниот документ и бил поднесен како дел од сметководствена корекција.

Шефот на кабинетот на Ле Пен Кетрин Гризли беше приведена и истражните органи подигнаа обвиненија минатата недела.

ЕП и нареди Ле Пен да врати вкупно 340 илјади евра, кои и биле доделени како субвенции за плата на асистент. На 1 февруари таа го пропушти рокот да ја плати првата рата, која е во износ од 298 илјади. Евра.

Партијата на Ле Пен, Националниот фронт утврди дека тврдењата се обид за поткопување на нејзината кампања и рече дека таа ќе одговори на какви и да било повиците откако ќе поминат изборите.