Вашингтон строго го осуди истрелувањето на четири балистички проектили од Северна Кореја, ветувајќи дека сега ќе го искористи “целиот спектар на средства со кои располага, против оваа растечка закана”.

“САД строго го осудуваат истрелувањето на балистички ракети од Северна Кореја, кои ги кршат резолуциите на Советот за безбедност на ОН”, изјави портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер, цитиран од АФП. Аналитичарите, цитирани од ТАСС, истрелувањето на четири ракети од полигон во западниот дел на Северна Кореја го дефинираат како демонстрација за време на заедничките воени вежби меѓу силите на САД и Јужна Кореја, кои започнале во почетокот на март.
Три од ракетите паднаа во јапонската ексклузивна економска зона во Јапонското Море. Токио го осуди истрелувањето како “квалитативно нова закана”.
Јужна Кореја, Јапонија и САД традиционално осудуваат веднаш слични активности на Пјонгјан