Американскиот хирург Томас Старзел кој изврши за првпат хепатална трансплантација, почина непосредно пред да наполни 91 година, соопшти сајтот на Питсбурскиот универзитет, цитиран од агенциите.
Старзел е роден на 11 март 1926 година во малото гратче Марс во средниот запад – во Ајова. Како млад сонува да стане свештеник, но откако неговата мајка умира од рак на дојка, решава да го посвети својот живот на медицината.
Во 60-тите години на XX век остварува неколку научни откритија, па за првпат пресадува црн дроб на човек. Првата трансплантација е извршена во 1963 година. Токму Старзел ги формулира основните принципи на трансплантологијата врз кои овој сектор од медицината се базира и во денешно време.
Во последните 35 години тој работи на Универзитетот во Питсбург, Пенсилванија. Во 2012 година Старзел ја добива премијата Ласкер – американска награда во областа на медицинските науки, која ја нарекуваат аналог на Нобеловата награда.
Тој има и голем број на други награди, меѓу кои Националниот научен медал на САД, Медалот Џон Скот. Во чест на легендарниот доктор е наречена улица во градот Питсбург.
Старзел се жени двапати и има четири деца.