Фотографите не престануваат да ги следат Никол Шерцингер и Григор Димитров. Набрзо откако ги фатија да излегуваат од елитен ресторан во Беверли Хилс, двајцата беа пресретнати повторно додека се шетаа низ улиците на Лос Анџелес.

Никол го покажува убавото тело во припиен комбинезон во боја на праска. Таа беше фатена под рака со партнерот – тениската ѕвезда Григор Димитров. Двајцата се заедно повеќе од една година, пишува Daily Mail.

38-годишната поранешна вокалистка на Pussycat Doll беше со темно црни чевли со ремче и високи штикли, кои беа во склад со црната и кожената торба.

Изданието обрна внимание и на изгледот на Григор и напиша дека бугарскиот нејзин кавалер, кој е 13 години помлад од неа е со сина блуза со огромна црна дамка во левиот преден дел.

Двајцата не пропуштаат да ја поминат секоја слободна минута заедно. Никол дури дојде во Бугарија на почетокот на февруари, за да го поддржи пред учеството на турнирот “Sofia Open”.