Мигранти !Во САД ќе ги делат децата од нивните мајки !

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Американскиот министер за внатрешна безбедност Џон Кели изјави дека има намера да ги дели мајките – илегални имигранти, од нивните деца во обид да одбие што повеќе луѓе кои се обидуваат да влезат во САД илегално.

“Ќе направам речиси сè за да откажат луѓето од Централна Америка и да не се вклучуваат во многу опасни мрежи за трговија со луѓе”, рече Кели во интервју за Си Ен Ен. Според него Мексико исто е решена да ги уништи овие мрежи на многу опасни шверцери на луѓе , во кои се вовлечени  голем дел од жените кои се подложени  и на сексуално насилство. “Имаме многу искуство и можеме да се погрижиме за непридружуваните деца, да  ги сместиме во згрижувачки семејства, истакна Кели. Значи намерата е со цел да  се откажат што повеќе луѓе да користат шверцерски  мрежи, да им ги  разделиме децата од нивните родители кои ќе  влезат нелегално во САД. Овие деца ќе бидат третирани добро додека се занимаваме со нивните родители “, изјави министерот за внатрешна безбедност.

Тој се надева така да откажат добар дела од илегалните имигранти кои  се обидуваат да влезат во земјата со своите семејства. / АФП