Адел пресече: Гајле ми е што мислите за мојот фустан на Греми

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Адел однесе 5 статуетки на наградите Греми оваа година и додека пофалбите за неверојатниот нејзинталент продолжуваат, фигурата сè уште и трпи критики.

На настанот британската ѕвезда се појави со долг зелен фустан на Givenchy и беше споредена со саканиот цртан лик од Шрек – Фиона.

Која беше реакцијата на 28-годишната пејачка?

“Го добив фустанот пред наградите, го облеков на настанот и сите рекоа дека изгледам како Фиона од Шрек. Не ми е гајле! Тоа е Givenchy Couture, нека зборуваат што сакаат. Тренирав упорно – по два пати на ден, за да влезам во овој фустан! Очигледно сум голема дама која сака да јаде, но се потрудив да влезам во фустанот кој беше премногу тесен “, изјави Британката, цитирана од Female First.

И покрај комичната споредба, Адел успеа да освои внимание и овации на наградите не со бројот на статуетки кои прибра, туку со тоа што ѝ подари половина награда на Бијонсе. Младата мајка беше наградена за пејачката со “најдобар поп-албум”, но изгледа таа беше на друго мислење и јавно скрши статуетката на две и во занесен говор изјави дека признанието требало да отиде кај американската нејзина колешка за албумот “Lemonade” .