Шпанскиот гитарист од почетокот на 20-от век, Франциско Ратега во 1902 година ја компонирал мелодијата „Гран Валс“ за која не ни можел да претпостави дека ќе стане глобално позната еден век подоцна.
https://youtu.be/uSQzUx3QW2Y
Станува збор за композиција која денес на многумина им е позната како мелодија на „Нокиа“, односно „Нокиа Тјун“.
Иницијатор оваа мелодија да стане заштитна нумера на „Нокиа“ е Анси Ванјоки, кој подоцна изјави дека не очекувал оти таа ќе стане толку популарна.
Позната „Нокиа Тјун“ првпат се појави во реклама на финската компанија за моделот „Нокиа 1011“ во 1993 година, а таа како „ринг тон“ првпат беше вклучена во „Нокиа 2110“ една година подоцна.
Во првото промовирање како тон за ѕвонење мелодијата беше именувана како „Тајп 7“ и фигурираше под тоа име се до 1999 година, кога официјално беше преименувана во „Нокиа Тјун“.
По популаризацијата на моделите на „Нокиа“ по 2000 година, оваа мелодија стана еден вид заштитен знак на финската компанија