DWN: Русија сака свој ред на Блискиот Исток, додека Западот е во хаос

од desk2
77 прегледи

Во моментов САД му покажуваат на светот невиден пример како една земја може да се уништи самата внатре, пишува германското издание “Дојче Виртшафтс Нахрихтен” (Deutsche Wirtschafts Nachrichten) во статија, цитирана од РТ.

Изгледа единственото што ги возбудува американските политичари и тајни служби, е како да му удрат шлаканица на противникот. Борбата за власт во САД е резултат на промената на едни олигарси со други: Кланот Клинтон се менува со нови контролори од редовите на републиканците, пишува авторот.

Од своја страна, рускиот претседател Владимир Путин го искористи моментот за да ги зацврсти позициите на Блискиот Исток, забележува тој. Кремљ целосно ја контролира воената ситуација во Сирија, но власта во Русија се залага не само на краткорочен успех на бојното поле.

Русите веќе започнаа повеќе иницијативи за да си обезбедат поддршка и сојузници во регионот и да склучат корисни договори со нив. ОАЕ пример имаат рамковен договор за купување на руски авиони, потсетува весникот. Двете земји планираат да развиваат ловци од новата генерација.

Во септември 2016 година Египет и Русија потпишаа договор за воена подготовка – руските офицери ќе ги обучуваат египетските колеги да пилотираат борбени хеликоптери Ка-52К “Рак”. Според медиумите Каиро и Москва имаат намера да ја прошират соработката во сферата на производството на оружје. Во ноември 2016 година, пак, Иран започна преговори со Русија за купување на оружје за 10 милијарди долари.

Русија зголемува своето влијание не само во Иран, Египет и Сирија, но и во Израел – долгогодишен сојузник на САД, забележува авторот на статијата. Кремљ вешто маневрира меѓу Иран и Израел. Во суштина Русија ја посакува улогата на САД во регионот, укажуваат некои експерти. Притоа Сирија не е цел сама по себе, туку само средство со кое Москва планира да го зголеми своето влијание на Блискиот Исток, пишува весникот.