Бијонсе, Блу Ајви и Џеј Зи на премиерата на „Убавицата и ѕверот“

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Бремената Бијонсе сподели фотографии по проекцијата на “Убавицата и ѕверот”. Пејачката беше со доста заоблен стомак во друштво на својот сопруг Џеј Зи и нивната ќерка Блу Ајви.

Судејќи според снимките задоволна од премиерата на новата верзија на Дизни според класичната приказна беше не само малата Ајви, но и нејзините родители.

За семејната вечер Бијонсе избра зелен фустан со длабоко деколте, а ќерка ѝ беше со светла тоалета која прекрасно се комбинира со оваа на мајка ѝ на брендот Gucci. Се гледа дека од сосема мала Ајви знае какви се најновите модни трендови. Фустанот ѝ е од свила и сигурно не е за џебот на обичните родители, бидејќи цената е 26 000 долари.

Косата на малата беше плетена на плетенки, а таткото избрал тексас јакна со ѕвер на грбот, за да е во склад со проекцијата.

Само пред еден месец Бијонсе изненади со веста дека чека близнаци. Сè уште ѕвездата е дел од секуларниот живот, но веќе откажа свое учество на голем фестивал во Калифорнија, каде ќе беше хедлајнер.

Видете го славното семејство во галеријата.