(ВИДЕО) Фановите на хеви-металот тагуваат, легендите од “Блек Сабат” објавија крај…

од desk2
67 прегледи

Групата објави крај на кариерата, музичарите ја почнаа проштална турнеја “The End Tour” во САД во јануари минатата година.

По 49 години на врвот, хеви-метал легендите од “Блек Сабах” ставија крај на својата кариера. Гигантите сами ја објавија веста на страница на “Фејсбук”.

“Блек Сабах” ја презеде проштална турнеја “The End Tour” во САД во јануари 2016-та година. Финалето беше на 5 февруари оваа година, по двочасовен концерт во родниот град Бирмингем.

Сепак низ музичките кругови се носеа гласини дека групата ќе се распушти, но ќе продолжи да прави записи на песни во студио. Ози Озборн, Тони Ајоми и Гијзр Батлер сепак тоа го демантираа на социјалната мрежа. Ози Озборн ја формира легендарната група во 1968 година заедно со Тони Ајоми, Гијзр Батлер и Бил Ворд. Ози, познат уште и како “Принцот на темнината”, го напушти составот во 1977 година и беше заменет од Рони Џејмс Дио од “Виножито”. Оригиналниот состав се повторно се здружи во 1997 година.