Имав исклучителна привилегија да учествувам во студиско патување кое го организира американскиот Стејт Департмент за светските лидери познато како „The International Visitor Leadership Program“ во соработка со Американската амбасада во Сараево.
Ова е една од најстарите програми на американската јавна дипломатија, основана во 1940 година, која дава можност на светските лидери од различни сфери на политичкиот и општествениот живот да се запознаат со американскиот начин на живот, политичкиот систем, со сите разлики и предизвици со кои се соочува оваа глобална суперсила.
Системот на испит
Тешко е да се замисли подобро време за една ваква посета. Одамна Америка не била во поголемо превирање и одамна нејзиниот внатрешно политички и општествен живот не бил толку зовриен.
Доаѓањето на новата Администрација на претседателот Доналд Трамп во Белата куќа, кампањата која го доведе на таа позиција, како и првите потези кои ги повлече, создадоа такво чувство на неизвесност не само во светот, туку и во Америка, па дури и во државните институции, каков што не се памети.
Сите, па дури и луѓето во извршната власт ни зборуваа дека не се сигурни по кој правец ќе појде Америка и што се може да се очекува од новата администрација. Но, да се даде одговор на прашањето каде оди Америка, важно е да се знае како функционира американскиот политички систем како и „филозофијата” на која се темели.
Тоа е долга приказна за која имав можност да слушам од професорот Ед Родес од Универзитетот Мејсон, но поентата е во тоа дека „татковците втемелувачи” американскиот политички систем го замислиле на начин тој да биде функционален, т.е. да се спречи концентрација на моќ во кој било институција или поединец. Првите доселеници кои дошле во Новиот свет често бегале од прогонот на автократските лидери и кога почнале да креираат сопствени држави биле одлучни да не ја повторат грешката на Европа.
Сакале што помалку влади во својот живот и својата стекната слобода не биле подготвени да ја жртвуваат за какви било колективни идеали. Затоа американскиот систем како малку кои системи има толку вградени блокади во себе да оневозможува на кој било брзо и лесно да завладее со владата. Овој систем со доаѓањето на претседателот Трамп во Белата куќа дојде на испит и многумина веруваат во тоа дека токму тој систем уште еднаш, како и толку пати до сега, ќе ја докаже својата делотворност.
Првиот пример како овој систем „checks and balances” („проверки и баланси”) функционира, имавме можност да видиме кога претседателот одлучи да го спроведе едно од своите предизборни ветувања и да забрани влез во Америка на граѓани и бегалци од седум мнозинско муслимански држави, па дури и на тие кои пред тоа добиле визи. Видовме дека правобранителите, гувернерите на некои држави и организации на граѓанското општество побараа од судовите да ја спречат и на крај да ја суспендираат одлуката за која сметаа дека не е уставна.
Судовите тоа го направија и Трамп научи, или барем се надеваме дека ја научи својата прва лекција од американскиот политички систем. Тој може повторно да се обиде и можеби во некоја друга форма да успее во тоа, но сигурно е дека и тогаш ќе има опозиција која ќе има механизми да му се спротивстави.
И додека Федералната влада, чиј претседател е само едно тело кое има овластување во прашањата за надворешната политика, трговија и одбрана каде и можат да се очекуваат најголемите промени, иако и тие одлуки кои евентуално ќе ги донесува претседателот во себе имаат вградено механизми на „проверка и балансирање”, сите други надлежности се на сојузните држави кои љубоморно ги чуваат.
Носење на оружје
Оние кои го пишувале Уставот на САД направиле се да обезбедат тиранијата никогаш да не заживее во Америка и државата никогаш да не добие власт над човекот. Затоа Американците толку слепо се држат до своето право за носење на оружје. Идејата е дека ако државата има оружје тогаш и граѓаните треба да имаат, ако затреба за не дај Боже, да можат од неа да се одбранат. На тие кои ги следат тие процеси од Европа и со нашето историско искуство, многумина од овие позизии се незамисливи, но тие се тоа што ја прави Америка поинаква.
Освен тие внатрешни блокади америкаснкиот политички систем верува и во граѓанското општество, затоа во нивниот Устав е ставен фокус на слободата на изразувањето и слободата на медиумите. Затоа постојаните напади токму на овие принципи и автократскиот начин на владеење на новата администрација која на јавноста се претставува како борба против елитите и естаблишментот ги плаши сите Американци, кои не сакаат мирно да гледаат како нивната слобода е нарушена.
Јас во Америка влегов без проблеми. На аеродромот Далс во Вашингтон две жени кои работеа во салата за прием на патници, случајно или не, носеа никаб. Но, сите ја немале таа среќа. Тоа што ми дале прва лекција од овој американски политички систем беа десетици адвокати и активисти кои стоеја на влезот на аеродромот и кои сите патници ги прашуваа дали ги запирала граничната полиција, дали ги испитувала и дали виделе случајно да задржат некого.
Некои држеа натписи со пораки за добредојде, а некои од горе наведените прашања на арапски и на други јазици. Тоа е само мал дел од граѓанското општество кое отворено се спротивстави на политиката на новиот претседател. На денот на забраната на муслиманите пред една од најголемите џамии во Вашингтон на пладне се собраа неколку стотици граѓани со пораки за поддршка на муслиманската заедница и бегалците.
Тој собир го организирале еврејски и христијански заедници и поединци од истиот округ. Неверојатна е силата која граѓанското општество го има во Америка и беше многу интересно да се види како многу муслимански организации ги користат тие механизми за заштита на своите верски и граѓански права.
Како никаде на друго место во светот муслиманските невладини и верски организации тука развиле инструменти на општествен и граѓански активизам. Од разговорот со нивните лидери слушнав дека тие не сакаат било каква финансиска помош од државата, бидејќи така сакаат да ја обезбедат својата автономија.
Верските слободи
Тоа е толку американски. Некои од нив како бројните сомалиски заедници во Минесота се прва генерација доселеници (првите Сомалијци во Минеаполис дошле во 2002 година) и доаѓаат од земји кои немале никакви демократски институции, а не пак развиено граѓанско општество. Некои доаѓаат од држави во кои со верските прашања раководат министрите. Сепак, денес тие ги користат не само сите механизми на граѓанското општество за да ги заштитат своите верски и граѓански слободи, туку и маркетиншките, лобистичките и други тактики.
Интересно е да се види како на тие заедници им требаше малку време да сфатат, на пример, дека во Америка не можат да имаат џамии како тие кои ги оставиле во своите села, туку дека им требаат општествени центри. Ни кажуваа како дедовците во првите години ги исфрлувале децата и младите кои трчале околу импровизираните џамии, а сега во огромниот центар „Адамс“ во Далс, кој е во фаза на реконструкција и проширување, слушнале дека прво одлучиле да направат сала за кошарка која во петок ја користат за верски обреди, па потоа како простор за вршење на намази.
Имамот Мухамед Магид ни рече: „Салата можеме да ја претвориме во џамија, но не и џамијата во сала”. И едното и другото наскоро ќе бидат изградени, а нивната организација од сопствени средства ќе продолжи да пружа услуги на бездомниците, ќе дели зимска облека на сиромашните, ќе води бесплатна болница, ќе организира семејни советувалишта и верски пораки. Никој од тие со кои разговаравме не спори дека се Американци и дека се горди на своето американско искуство во живеење на исламот со сите потешкотии.
А тие не недостасуваат. Многу нешта слушнавме за се уште пристутниот расизам и дека многу потешко е да се биде бел муслиман од тој кој е со темна кожа. Исламофобијата и антимуслиманската омраза исто така се сериозен предизвик кој систематски и со големи средства и поддршка се бутка од некои идеолошки и политички центри на моќта. Тука е радикализацијата на младите муслимани кои не се снашле во новиот свет и кои не ги прифаќаат „ новите правила на играта”.
Не сакаат или не знаат да ги користат новите методи на делување кои ги наметнува новото време и светот, туку своето незадоволство и чувството за неправда се обидуваат да го решат со самоизолација, радикализација и често со насилства. Тие не знаат да ги донесат исламските вредности во новото време, па муслиманите и светот да го вратат во времето за кое мислат дека имаат готови решенија и во кое тие би биле на свој терен.
Муслиманските заедници развиле многу проекти за превенција на насилниот екстремизам, посебно меѓу младите, но не им се допаѓа што имаат чувство дека само на нив им се припишува радикализмот, додека тој со стие други предзнаци се игнорира или на него се гледа благонаклоно. Многумина од нив тоа го прават самостојно или со поддршка на организациите на граѓанското општество, од претходно наведените причини, но имало и такви кои на тие проекти соработувале со администрацијата на претседателот Обама.
Опасни тези за Исламот
Меѓутоа, најавата на администрацијата на претседателот дека планира проекти за „борба против насилниот екстремизам” да се ребрендираат во „борба против исламскиот екстремизам” многумина кои досега соработувале со федералната влада ги натера да се откажат од тоа. Така многу такви организации ја вратиле или најавиле дека нема да примат финансиска поддршка за такви проекти од федералната влада. Тврдат дека тоа го можат и сами, дека со такви проекти не се бават затоа што тоа од нив некој го бара од некои политички причини, туку затоа што искрено се загрижени за своите деца и тоа дека исламот ќе го преземе радикалното малцинство.
Многумина се загрижени и од кругот на луѓето кои се до претседателот Трамп, а кои покажаа нетрпеливост кон муслиманите и исламот. Најопасната теза која некои од најблиските соработници на Трамп ја заговараат е дека исламот не е религија туку идеологија. Тој систем повеќе пати јавно изнесуваше и сега сменетиот советник за државна безбедност генералот Мајкл Флин, кој ја лажеше администрацијата и јавноста за тоа дека со рускиот амбасадор разговарал за укинување на санкциите кога Трамп ќе влезе во Белата куќа, што е скандал поради кој некои веќе почнуваат да зборуваат за не само независна истрага туку и за можен импичмент на претседателот.
Тие ги користат ставовите кои се меѓу муслиманите кои исламот го доживуваат како идеологија и кои за него пишуваат како за идеологија и политички проект, да покажат дека ниту една идеологија не може да се крие под плаштот на религијата и да ги остварува своите глобални политички цели. Ова е опасна теза бидејќи е една од клучните вредности на кои е основана американската унија, таа за слободата на религиите и верниците.
Сметајќи го Исламот не за вера или религија туку за идеологија, отвора врата на муслиманите да им се одземат сите верски слободи, а Америка и понатаму да остане декларативно доследна на идеалите за верските слободи. Токму затоа што многу од првите доселеници биле верници од верски малцинства, кои бегале од прогонство на мнозинските верски цркви во Европа, во Уставот ставиле преамбула дека Конгресот никогаш нема да донесе закон кој ја ограничува нечија верска слобода.
Ако исламот се прогласи за идеологија најдобро е да се присетиме на ловот на вештерките и прогонот на комунистите и социјалистите во периодот на т.н. МекКартизам од 1947 до 1956 година.
Замолчување на муслиманските организации
Втор сериозен удар на верските и граѓанските слободи кои евентуално би можел да следи од новата администрација, а што го заговараат најблиските соработници на Трамп е прогласувањето на Муслиманските браќа за терористичка организација. Еден од аргументите на заговорниците на оваа одлука е дека оваа организација веќе со години е забранета или прогласена за терористичка во Египет, Саудиска Арабија, Емиратите и уште во некои други мнозински терористички држави.
Аргументацијата е едноставна, ако за муслиманите тие се терористи, зошто не би биле и за Америка. Проблемот е во тоа што организациите кои се поврзани со движењето Муслимански браќа, со сите недостатоци, се единствена сериозна политичка опозиција на владејачките режими во муслиманскиот свет и ваквата одлука сигурно би имала далекусежни последици на имиџот на Америка во тој дел на светот.
Освен тоа, најдобро организираните муслимански организации во САД и тие кои се покажаа како најефикасни во заштита на граѓанските права на муслиманите од антимуслиманските центри на моќ, константно од тие истите се обвинуваат за врски со Братството. Затоа многумина се плашат дека оваа одлука може да биде насочена на замолчување на муслиманските организации во САД, преку нивното поврзување со движењето.
Тоа е јасно на многумина, затоа веќе сега се прават големи коалиции во кои се вмрежуваат не само муслимански организации туку и многу други верски заедници, еврејски, христијански и граѓански подеднакво.
На крај, актуелните настани во и околу Белата куќа, зборуваат дека администрацијата на претседателот Трамп во толку краток рок си направи толку проблеми, што константно се бави сама со себе и дека многу тешко е да се знае дали и колку од своите политики ќе успее да ги стави на дневен ред.
Но, ако ги спроведат, судејќи според тоа што можев да го видам ќе има голем отпор. Тоа не зборува ништо за исходот, но одамна рекле дека тоа што нема да те убие, ќе те зајакне.
Тоа може да се однесува не само на тој космополитски, отворен и либерален дел на американското општество, туку и на тие кои меѓу муслиманите ги делат тие идеали, а денес се американски муслимани.
Еден од младите муслимани рече: „Трамп со своите политики помогна за промоција на исламот во Америка и придонесе луѓето со муслиманите да сочувствуваат и отворено да не поддржуваат на начин на кој ние никогаш не можевме. Сега со нас застанаа медиумите и организациите на граѓанското општество, како никогаш до сега. Сега е cool да се биде муслиман во Америка.
Дневни Аваз – Сараево