(ФОТО) Марк Цукерберг и неговата сопруга очекуваат второ бебе

од desk2
89 прегледи

Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан очекуваат второ бебе. Ова го соопшти самиот Цукерберг на неговиот профил на Фејсбук. Основачот на социјалната мрежа и неговата сопруга ќе имаат второ девојче. Нивната прва ќерка – Макс, се роди во декември 2015 година.
“По проблемите шти гиа имавме со Макс, не бевме сигурни што да очекуваме и дали ќе можеме да имаме уште едно дете. Откако сфатив за втората бременост на Присила, мојата прва мисла беше детето да е здраво, а втората – да е повторно ќерка. Не можам да се сетам на поголем подарок “, напиша Цукерберг. ВНа постот тој вели дека израснал со три сестри кои биле и едни од најдобрите негови пријатели. “Мојата сопруга е исто така израсна со две сестри кои ја поддржуваат”, напиша Цукерберг. “Стануваат подобри луѓе покрај силните жени до нас – сестри, мајки и пријателки”, пишува тој и се надева дека таква ќе порасне и очекуваната рожба.