Така тој цели да ги заштити производителите на електроника од методите за прислушување на ЦИА
Во вторникот “Викиликс” објави илјади документи откривајќи го моќниот арсенал на сајбер оружјето развиено од американското разузнавање. ФБИ одговори дека започна истрага за објавувањето на податоците. Во онлајн прес конференцијата Асанж објасни дека одлучил да им подаде рака на технолошките компании, бидејќи без нив новинарите не можат да си ја вршат работата. Apple и Google изјавија дека веќе се елиминира многу од потенцијалните недостатоци во системите.