Никола Груевски е обвинет за организирање на насилствата во општина Центар и за нарачка на шлаканици за градоначалникот Андреј Жерновски. Во овој процес обвинети се и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште 12 нарачатели и извршители на насилствата.

Вчера и претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски се вклучи во хајката и порача дека Јанева и Фетаи го прекршиле Етичкиот кодекс на јавните обвинители и на Јанева и препорача да ја тргне Фетаи од овој предмет. Препораката на Советот не е обврзувачка за СЈО.