
Зајакнувањето на активноста на производителите на нафта од шкрилци во САД ги тера Саудиска Арабија да се подготвува за нова фаза во ценовната војна на пазарот на нафта. На пример, во Ријад веќе отворено зборуваат дека САД не треба да се надеваат на продолжување на договорот за екстракција и дека никој нема да им им даде високи цени само поради процесот на производство.
Ова го изјави министерот за енергетика на Саудиска Арабија Хали дал Фалих. На крајот на минатата година светските производители на нафта се согласија да го намалат производството на нафта со цел стабилизирање на побарувачката и раст на цените на “црното злато”. Но последниот раст на цените на нафтата предизвика активирање на екстракција на шкрилци на нафта во САД.
Некои од најголемите американски компании ги покажаа плановите за зголемување на производството на нафта во скоро време. Од ОПЕК потсетија дека американските компании се надеваат да го зголемат производството за нивна сметка и тоа не им се допаѓа.
Цените на нафтата во последните денови паднаа во позадината на зголемувањето на нафтените резерви на САД. При тоа има загриженост дека високите количини на екстракција на нафта од шкрилци воо САД, Бразил и Канада можат да го надминат намалувањето на приносот во земјите од ОПЕК, како и во земјите кои не се членки на картелот.
Владата на САД очекува дека во 2017 година производството на нафта да се зголеми до 330.000 барели дневно, главно, за сметка на обемот на нафтата од шкрилци, но некои аналитичари и производители прогнозираат двојно поголем раст. Следниот состанок на ОПЕК ќе се одржи на 25 мај во Виена. Се претпоставува дека на средбата членовите ќе дискутираат за можноста за продолжување на пактот за намалување на снабдувањето. Шанси за тоа, меѓутоа практично нема.