Емануел Макрон сериозно ја зголемува поддршката на претседателските избори во Франција

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Кандидатот за претседател на Франција Емануел Макрон  ја зголемува поддршката кон себе и најверојатно ќе го победи противникот од десницата Марин Ле Пен на вториот круг од претседателските избори во Франција, пренесе Reuters.

Според студија на компанија БВА објавено 43 дена пред изборите независниот центрист Макрон добива 26% од гласовите со 2% повеќе во споредба со истражувањата пред една недела. Тој сега е изедначен со Ле Пен. И двајцата се пред конзервативецот Франсоа Фијон, кој има 20% поддршка.
Ова ќе ги испрати Ле Пен и Макрон во вториот круг на 7 мај. Според анкетите, кандидатот на екстремната десница ќе отстапи пред Макрон со 39 наспроти 61% од гласовит