На одборот на една од најскапите јахти

од Vladimir Zorba
236 прегледи

Луксузна суперјахта со махагонов ентериер, библиотека и чудесно мебел не враќа кон златните години на пловењето. Јахтата која го носи името “Атина”, се продава за 59 милиони долари.

90-метарската убавица, која има три нивоа, се смета за четврта најголема јахта во светот.

Со погодно место за уште девет негови пријатели, јахтата има пет кабини, вклучувајќи и  стан со сопствен плакар и луксузно џакузи.

Гостите на одборот можат да се релаксираат во фитнес сала, откриени лежалки и пространа трпезарија. Има место и за 21 член на екипажот.

 На трите нивоа на пловилото има и бројни салони, вклучувајќи формална трпезарија и просторен главен салон, кој води до неа.

“Атина” е изградена во 2004 година во Royal Huisman Shipyard во Холандија, пред да премине комплетен ремонт во 2011 година покрај екстравагантниот дизајн, бродот е и технолошки импресивен, контролира со сензор технологија.

Суперјахтата има и богата опрема за водни спортови, вклучувајќи и опрема за нуркање.