
Поранешниот заменик-директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на САД Мајк Морел во саботата изјави дека објавените од “Викиликс” документи биле обезбедени од внатрешен човек, пишува весникот Washington Examiner.
Морел истакна дека агенцијата треба да најде одговор на прашањето дали изворот на информациите е лице од персоналот или е исполнител.
“Овие податоци не се делат надвор ЦИА”, истакна поранешниот заменик-директор.
“Ова е дел од тајна мрежа на ЦИА, која не е поврзана со ниедна друга мрежа. Значи, тоа треба да е дело на внатрешен човек “, додаде Морел. “Викиликс” прецизира дека нема да го откријат изворот.