(ВИДЕО) Италијанската полиција на нога: Масовни немири во Неапол

од desk2
90 прегледи

Противници на антиимигрантската “Северна лига” предизвикаа масовни немири во италијанскиот град Неапол, пренесе “Кориере дела Сера”.

Судирите избија покрај посетата на лидерот на десничарската партија – Матео Салвини. Повредени се 16 полицајци, а четворица од демонстрантите се приведени од полицијата. Властите користеа водени топови и солзавец за да ја растераат насобраните толпа, која броеше меѓу 200 и 300 лица.