Вонбрачните врски се сложени, драматични и често завршуваат со болни откровенија за некоја од трите страни. И сепак тие не се реткост. Секој има свои причини да ја изневери законската половина, но ако не сака да се разведе и продолжува да се однесува како примерен сопруг/а треба да ги почитува “правилата на аферата”.
Еве кои се тие:
1. Аферата треба јасно да биде дефинирана како таква
Без разлика со кого изневерува, третата страна треба да е свесна дека имате легална половина и таа / тој секогаш ќе биде на прво место. Исто така од почетокот е убаво да инсистирате дека не сакате да се разведувате, т.е. оние ваши односи веројатно нема да траат многу долго и нема да имате заеднички празници, семејни посети и т.н.
2. Никакви видливи знаци на аферата
Жените се територијални и ако таа е ваша љубовница, постои голема шанса во даден момент да сака да го истрие носот на сопругата. Ова може да се случи со кармин на облеката, тежок парфем врз вас или дури резервација на хотел / ресторан на ваше име. Аферата е тајна и треба да си остане таква.
3. Секогаш користете кондоми
Ова е важно не само за вашето здравје, туку и за тоа на сопругот / та ви. Сепак се уште имате секс и со неа. Покрај тоа една несакана бременост ќе ја извади на виделина аферата и ќе ви го усложни повеќекратно животот.
4. Бидете паметни и ставете крај, кога ќе дојде време
Не ја мешајте страста со љубов. Ако не планирате да се разделите со законската сопруга, не се врзувајте со љубовник/чката и кога ќе забележите дека тој / таа почнува да покажува чувства, ставете крај на аферата. Онака не можете да му/ѝ го дадете животот кој го имате со сопругот / та.
5. Последиците се неизбежни
Бидете подготвени дека тајната во даден момент може да излезе на виделина. Ова ќе предизвика болка и драма, но за жал е неизбежно.