Грујевски поворно на Удар- Ново рочиште за уништувањето документи во УБК!

од Vladimir Zorba
86 прегледи

За денеска во Кривичниот суд е закажано третото подготвително рочиште за предметот „Тврдина 2“, што се однесува за уништување документација поврзана со опремата од незаконското прислушување, за што Специјалното јавно обвинителство лани поднесе обвинение против седум лица.

Во предметот „Тврдина 2“ обвинети се поранешниот началник на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Грујевски и шестмина вработени во УБК за уништување документација поврзана со системите од незаконското прислушување.

Вработените во УБК се товарат дека уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат на системите за следење на комуникациите. Во овој предмет Грујевски е обвинет за фалсификување на службена исправа, односно документи со кои било прикриено уништувањето на системите за следење на комуникациите, а во „Тврдина“ за уништување на системите за прислушување/Тв 24