Како Скарлет Јохансон ја имитира Иванка Трамп

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Американското комично шоу Saturday Night Live често прави пародија на Доналд Трамп, но во последното издание хуморот беше насочен кон ќерката на претседтелот – Иванка.

Во улога на Првата ќерка влезе актерката Скарлет Јохансон. Скечот претставуваше рекламирање на парфем наречен Complicit (complicity – соучество -н.з.).

Јохансон се појавува во прекрасен вечерен фустан на елегантна забава.

„Жена како неа заслужува сопствен парфем. Мирис создаден само за неа. Бидејќи таа е убава. Таа е влијателна. Таа е соучесник“, вели глас зад сцената.

„Таа не ги бара светлата на рефлекторите, но ние ја гледаме. О, како ја гледаме“, продолжува гласот додека „Иванка“ си става кармин, а откако ќе се погледне во огледалото, го гледа одразот на својот татко Доналд Трамп (одигран од Алек Болдвин) .

„Complicit – парфемот за жена која може да спречи сѐ, но нема да го направи тоа“, завршува скечот.

Ова е прв пат во кој Скарлет Јохансон ја игра Иванка Трамп. Пред тоа во нејзиниот лик влезе друга актерка – Марго Роби.