“Ако постојано ги воздржуваш емоциите, за да изгледаш подобро и поубаво, телото станува нервозно, дишењето – неправилно, а душата – пуста.”

Џејн Фонда е американска актерка родена на 21 декември 1937 година во Њујорк. Пред да премине кон филмот, Фонда е модел и игра во театарски претстави. Во 60-тите години на минатиот век се снима во просек во два филма годишно.
Џејн брзо успева да се наметне како една од најубавите и барани актерки. Таа е двократен добитник на златната статуетка “Оскар”. Во 2005 година излегува нејзината биографска книга “Животот дотука”.