
Продуктивноста е критична во однос на успехот на работното место. Кога не се справуваме толку ефикасно како останатите вработени, тоа може да го загрози местото на подолг период.
Ако се препознаваме себе си во овој опис и или сакаме да ја зголемиме продуктивност, од корист можат да ни бидат следните неколку совети.
1. Од вечерта да подготвиме распоред за следниот ден
Треба да идеме по важноста на задачите за следниот ден. Така дури и да бидеме прекинати од неочекувани задачи, ќе знаеме што точно треба да направите кога ќе се вратиме на работното место.
2. Да одмориме 5-10 минути, кога ќе почувствуваме замор
Можеме да се одмориме за кратко во ходникот или да испеме едно кафе во бифето. Кратките извадоци од работниот процес може да ја зголемат продуктивноста, бидејќи ни дозволуваат да се вратиме на работата освежени.
3. Да не ги извршуваме активности одеднаш
Кога се обидуваме да вршиме повеќе од една задача истовремено, ова повеќе може да ни наштети, отколку да биде од корист. Според податоци на студиите луѓето кои ја имаат оваа навика, им се одвлекува вниманието поради што страда квалитетот на нивната работа.
Препорачливо е да ги извршуваме задачите една по друга, за да можеме да се концентрираме на секоја од нив.
4. Да го ингорираме тоа што не попречува во текот на работата
Иако прекините на работниот процес се неизбежни, препорачливо е да ги минимизираме. Да ја затвориме вратата на канцеларијата на пример или да го исклучиме телефонот.